гости (св. и несв.)

Се што имавме, донесовме, само кумот да го гостиме и развеселиме.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ајде да седнеме да си го гостиме и честиме брат Арсо!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ќе ја менам верата и ќе се потурчам. Турците јадат баклава, татлии, локуми и се гостат со слатко и благо.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Како сум гладен - продолжи чичко Тале - царски ќе се гостам.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Чакарвелика како да живна. Се разоди низ анот и по дворот, самата за работа се фати, децата како аргати ги хранеше со појадок, со ручок, со ужина и со вечера ги гостеше од она што го имаше или некаде го наоѓаше.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Е, ме гости, бре Гојко, велам јас, убаво ги штави.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нема дилема - си помислив, многу скоро, можеби четврт час пред ние да стигнеме, на местово се гостела некоја мечка.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Селаните, дознавајќи за мислењето на комисијата, се возбудија, излегоа на средсело, развикуваа, се лутеа на кметот и учителот што ги пречекуваа полковниците, што ги гостеа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Козличето се гостеше со сочните лисје и трева. О, колку е среќно козлето, коментираше гласно Чанга, се внесуваше во текот на настаните во расказот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се гостеле, мрдале со уши и се веселеле.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Војне тука крадеше овци од туѓите булуци, кокошки од кокошарниците за да се гости со другарите и се некои такви работи правеше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Со добрина гостев, со убост ме нагостија, не улев на Бога, не ме стигна ни улерата, Господ ме чуваше од сотоната, ангели ми шетаа по домата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се заблагодаривме за гостењето и станавме за да си одиме. – А каде ќе одите? – Во Лобаница. – Аха, по старо е така. – А по ново? – По ново Агиос Димитриос, ама селото веќе не постои...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ајкулите спокојно си се гостат со живи остатоци од неостварените мечти.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Камилски, гостејќи се повеќе со очите отколку со устата, имаше време прв да се огласи: Ова е голем ден, мили мои, стигнавме на крајот од мисијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Најдоброто мезе се гости со ракија или рујно вино на чардакот кога душата ти сака, а Бог не се противи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)